Усвоен буџетот на Општина Струмица за наредната година
Членовите на Советот на општина Струмица, денеска, го донесoa буџетот на Општината за 2022 година, кој тежи 1.339.558.259 денари.
Во објавата на градоналникот Костадин Кстадинов се наведени најважните проекти кои ќе се реализираат следната година.
-Започнување со изградба на Социјалната населба во Турското маало
-Изведба на новиот булевар „Братство Единство“ кон Агро берза со што воспоставуваме основа каде што треба да почнеме со новиот градски пазар
-Изградба на нов ученички дом во СОУ „Димитар Влахов“
Преку Јавен повик самохраните родители ќе бидат ослободени од плаќање на надоместокот за нивните дечиња во градинките
-Дотацијата за секое новороденче ја зголемуваме за 100 проценти, од 3 илјади на 6 илјади денари
-Ќе субвенционираме директно во цената на гасот по метар кубен за домаќинствата од 10 денари со што им излегуваме во пресрет на граѓаните во оваа енергетска криза, а со тоа влијаеме и врз намалувањето на загадувањето на воздухот
-Ќе реализираме и многу инфраструктурни проекти, од водоводи, фекални и атмосферски канализации и улици во градот и населените места.
-Во креирањето на буџетот за 2022 година, посебен фокус ставив на приходниот дел на Општината и имајќи го в предвид фактот дека 61 процент од основниот буџет би го реализирале токму од комуналиите за градба и продажба на градежно земјиште, јас сум убеден и оптимист дека имаме силни компании, мотивирани и подготвени да инвестираат во општина Струмица, придржувајќи се на сите Закони за градење, Законот за урбанистичко планирање и останатите закони кои се во рамките на нивната работа, напиша Костадинов.