„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Утре ќе се врши ларвицидна дезинсекција во шест општини од Југоистокот
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека утре, 03 јули 2024 година, во периодот од 09:00 до 16:00 часот ќе се врши ларвицидна дезинсекција и тоа во следниве општини:
- 03 Јули ( Среда) во општините Ново Село, Босилово, Василево, Струмица, Валандово и Дојран;
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.