fbpx

В недела „Комуналец“ почнува акција за собирање на отпадот од улиците на градот

 В недела „Комуналец“ почнува акција за собирање на отпадот од улиците на градот

Со цел да одговори на потребите на граѓаните за почисти улици низ градот ЈПКД „Комуналец“ започнува со акција за генерално собирање на отпадот низ улиците на Струмица. Акцијата започнува в недела на 9 октомври и ке бидат подигнати сите мапирани поголеми купови со смет кои се наоѓаат по улиците на градот.

-Освен тоа апелираме до сите домаќинства кои имаат различни видови отпад во Петок и Сабота да го извадат и остават пред дворовите и воедно да го пријават на телефонскиот број 13-110 како би можел во Недела да биде подигнат. Оставањето на отпад пред домовите во определени денови и секако негово пријавување на тел 13-110, а не негово секојдневно фрлање ќе допринесе за почисти улици низ градот. Да појасниме дека сметот од контењерите и кантите се подига редовно по определен редослед а оваа акција се однесува за секаков друг вид на отпад, информираат од ЈПКД „Комуналец“

Share via
Copy link