Костадинов: Денеска се ставени темелите на агротуризмот во Струмица
В сабота официјално ќе биде отворен Ротари клуб Струмица
Во Струмица е формиран Ротари клуб Струмица, дел од светската мрежа на Ротари Интернационал, која брои над 1.4 милиони членови и над 45.000 клубови ширум светот, обединети во идејата за хуманост, служба кон заедницата и градење мостови на пријателство и соработка.
Свечениот настан на официјалното чартерување (отворање) на клубот ќе се одржи на 17.05.2025 година (сабота) во Хотел Сириус, со почеток во 20:00 часот. Настанот ќе биде збогатен со пригодна програма, музика и присуство на бројни гости и поддржувачи.
На чартер-забавата се поканети: претставници на верските заедници, пратеници од Општина Струмица, градоначалниците од Струмичкиот микро-регион, советници од Општина Струмица, директори на јавни институции, истакнати бизнисмени и претприемачи, како и бројни пријатели и соработници кои ја поддржаа иницијативата.
Настанот има и донаторски карактер – средствата собрани преку котизациите и индивидуалните донации ќе бидат наменети за набавка на медицинска опрема за Детското одделение – Педијатрија при ЈЗУ Општа Болница Струмица.
Ова е прв ваков настан во Струмица и претставува важен чекор во развојот на заедницата, преку хуманитарна, едукативна и општествено одговорна работа.