СВР Струмица со апел до граѓаните за новогодишните и божиќните празници
Валандовчанец фатен при вршење на кражба
Во 02:20 часот по полноќ полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода С.У.(42) од Валандово, кој бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ на подрачјето на Валандово. Притоа од него биле одземени предмети кои потекнуваат од стореното кривично дело.
Известен е Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.