„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Ванчо Стојанов е нов спортски директор на Беласица
Подготвувајќи се за новата натпреварувачка сезона во која се враќа во Првата македонска фудбалска лига, ФК Беласица официјално го именуваше Ванчо Стојанов за нов спортски директор на клубот.
Стојанов, кој е поранешен учесник на три олимписки игри како атлетичар и тренер, освојувач на три балкански златни медали и рекордер на повеќе атлетски дисциплини, прогласуван девет пати за спортист на годината и е почесен граѓанин на општина Струмица, веќе три години е кондициски тренер во Беласица и дел од организициските структури на клубот.
„Благодарност за укажаната доверба од претседателот Славчо Васков – Пинда и управата на ФК Беласица за добивање на функцијата спортски директор. ФК Беласица е голем клуб и клуб со традиција, така и функцијата спортски директор претставува огромна одговорност. Честитки до нашите фудбалери, стручниот штаб и сите вработени во ФК Беласица за успехот кој го постигнавме оваа сезона, влез во ПМФЛ. Поздрав до сите фанови на нашиот клуб и ве очекуваме на претстојните натпревари на стадионот Благој Истатов“ – истакна Стојанов по промоцијата на новата функција во Беласица.