Важно соопштение од „Комуналец“-утре без вода дел од булеварот „Гоце Делчев“ и село Дабиле

 Важно соопштение од „Комуналец“-утре без вода дел од булеварот „Гоце Делчев“ и село Дабиле

ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги известува граѓаните дека со цел да се подобри квалитетот на водоснабдување на Општина Струмица, во среда, 19 март 2025 година е планирано техничка интервенција на водоводната мрежа во долниот дел на градот.

Заради тоа истиот ден среда, 19 март 2025 од 07 часот наутро без водоснабдување ќе останат сите објекти на булевар „Гоце Делчев“ по кружниот тек на излезот од Струмица према Дабиле како и целото населено место Дабиле.

Поради обемноста на интервенцијата се очекува водоснабдувањето да се нормализира во попладневните часови.

Share via
Copy link