Струмичани во најголем дел не знаат да го селектираат отпадот и ги кршат контејнерите
Вчера за осум часа изречени 161 казни за брзо возење
Вчера во периодот од 08:00 до 16:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.
Притоа, биле констатирани 161 прекршување на брзината, од кои 82 на подрачје на Радовиш, 45 на подрачје на Струмица, 20 на подрачје на Валандово и 14 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 126 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 35 во населено место.
Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.