fbpx

Вечерва се отвора Меѓународна струмичка ликовна колонија

 Вечерва се отвора Меѓународна струмичка ликовна колонија

Вечерва со почеток во 20 часот во НУЦК „Антон Панов“ ќе биде отворено 57 издание на Меѓународната струмичка ликовна колонија.

Со две изложби ќе биде отворено годинашното издание на Струмичката ликовна колонија. Првата изложба е насловена „Пријателство“, на која ќе бидат изложени дела од македонски и бугарски автори, а втората е самостојна изложба на акварели на Снежана Мелник.

Поради пандемијата нема да учествуваат ликовни уметници од странство. Во наредните десет денови на колонијата ќе творат само десетина уметници од нашата земја.

Делата од годинашната ликовна колонија традиционално ќе бидат изложени на Денот на ослободувањето на Струмица, 11 септември.

Share via
Copy link