Две лица од Богданци потешко повредени откако со „фиат“ излетале од патот
(ВИДЕО) Васил Гарванлиев ја промовира новата песна „Приказна“

Васил Гарванлиев на неговиот официјален јутуб канал ја објави неговата најнова песна и видеозапис за “ПриКазна„.
Ова е негов втор проект оваа година по промоцијата на евровизиската песна YOU со која Васил требаше да настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.
Верен на својот стил, естетика и скриени пораки, овој пат Васил можеме да го видиме со уште поуникатен уметнички израз низ кој ја раскажува неговата приказна преку “борбата„ во/со себе, а воедно и со се што во моментотов ни се случува – прашање со кое токму и започнува самата песна.
Автор на музиката е самиот пејач, текст на Тања Брковска додека аранжманот е на неговиот долгогодишен соработник и композитор Давор Јордановски.
За видеозаписот се погрижија овој пат Digital Box продукција од Охрид во соработка со Ристе Филипов и креативниот директор Јелмаз Дервиши.
Приказна е дел од новиот албум на Васил кој е во завршна подготовка и се очекува да биде објавен оваа есен.