„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во август просечната нето плата била 27.535 денари
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во август 2020 година, изнесува 27.535 денари, додека во бруто износ е 41.070 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во август, во однос на истиот период лани, е зголемена за 9,6%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (16,9%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (13,2%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (18,4%), Земјоделство, шумарство и рибарство (9%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,7%).