fbpx

Во еден ден и на исто место полицијата откри 89 мигранти

 Во еден ден и на исто место полицијата откри 89 мигранти

Вчера околу 05:00 часот на место викано „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.И., кој управувал возило со кичевски регистарски ознаки. При запирање на возилото, тој се обидел да побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото биле пронајдени 39 лица мигранти (35 од Сирија и четири од Ирак).

Бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител мигрантите биле сместени во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против Б.И. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти “.

Во текот на вчерашниот ден во 19:30 часот на локален пат кон село Три води, во непосредна близина на „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Х.(25) од Велес. При контрола на товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал Д.Х., биле пронајдени 50 мигранти и тоа 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан.

Д.Х. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица, а увид на местото извршиле екипи на Регонален центар за гранични работи и СВР Струмица.

По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде  поднесена соодветна пријава.

Фото:Архива

Share via
Copy link