fbpx

Во претрес во Босилово пронајден амфетамин, приведено едно лице

 Во претрес во Босилово пронајден амфетамин, приведено едно лице

На 28.09.2022, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко, информираа денеска од МВР.

При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со амфетамин.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link