Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
ВО РАДОВИШ СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА ЌЕ СЕ ЈАДАТ „САМУНИ И ТАТЛИИ“
Радовиш ќе биде домаќин на традиционалната и најмасовна манифестација
„Самун ем Татлија“
И оваа година, под покровителство на Општина Радовиш, во деновите од 30
Септември до 01 и 02 Октомври, на локацијата прд Центарот за култура
„Ацо Караманов“ , посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна
програма исполнета со разни жанрови и содржини.
На традиционалната гурманска манифестација „Самун ем татлија“, која се
одржува во Радовиш, годинава ќе настапат само македонски музичари. Како
што е наведено во програмата, на 30-ти септември за дел од забавата ќе
се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната
манифестација ќе биде збогатена со Меѓународниот фолклорен фестивал
„Радовишки собор“.
Наредната вечер, на први октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор
Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер пак, гостуваат Ицов и
пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко
Стефановски Трио. Во минатото за време на манифестацијата во Радовиш
најчесто доаѓаа регионални музички ѕвезди.
Црвена Јабука, Наташа Беквалац, Шабан Шаулиќ, Хари Мата Хари, Јелена
Розга и многу други познати изведувачи ги забавуваа посетителите на
настанот на кој се промовираат локалните специјалитети, „самунот и
татлијата“ изминатите години.
Во тек на неколку дневната манифестација во минатото, се случуваше да се
продадат и по 40 илјади самуни.