fbpx

Во сообраќајка на „Валандовско брдо“ повредени 13 лица

Тринаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа која попладнево околу 16:00 часот се случи на патот Струмица-Валандово, на превојот „Валандовско брдо“. Тие се повредени откако две патнички возила со струмички регистарски ознаки директно се судриле, а во нив се превезувале вкупно 13 лица.

Настанот го потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека во несреќата се повредени повеќе лица и се пренесени на лекување во болницата во Струмица.

Директорката на болницата, Катерина Кузмановска, информираше дека со потешки повреди се едно шестогодишно дете и една жена, кои по укажаната помош се испратени на натамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите се на лекување во струмичката болница.

Од СВР Струмица повеќе детали за сообраќајката најавија за утре.

Share via
Copy link