fbpx

Во сообраќајки во валандовско и Радовиш тројца повредени

 Во сообраќајки во валандовско и Радовиш тројца повредени

На 25.05.2024 во 08.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на село Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од село Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија. Бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

На 25.05.2024 во 23.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосница од ул.„Илија Алексов“ со ул.„Ѓорче Петров“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(47) од село Ракитец, општина Конче, и мотоцикл „теккен“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Коџалија, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.

Share via
Copy link