Возач на мопед потешко повреден во сообраќајка во Гевгелија

 Возач на мопед потешко повреден во сообраќајка во Гевгелија

СВР Струмица соопшти дека вчера во 18:00 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на ул. „Деко Ковачев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(68) од Гевгелија и мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки,  управуван од Ѓ.Н.(22) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.

Share via
Copy link