„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Втор ден голем пожар на Огражден, наближува кон границата со Бугарија
Според информацијата од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, пожарот кој избувнал вчера во попладневните часови на планината Огражден над селото Бадилен, во граничниот појас, се шири кон границата со Бугарија, зафаќајќи борова и дабова шума.
Заради непристапниот терен пожарот утре ќе се гасне со хеликоптери или авионите „Ер трактор“, а екипа од десет пожарникари од ТППЕ Струмица треба да биде пренесена на местото на пожарот со хеликоптер и да биде поддршка за гаснењето на пожарот од возух.
Фото: ТППЕ Струмица