fbpx

Заев и Ахмети на средба за конечен коалициски договор за нова Влада

 Заев и Ахмети на средба за конечен коалициски договор за нова Влада

Во соопштение до медиумите, СДСМ денеска објави дека е постигнат сериозен напредок во преговорите за нова Влада, а се очекува и средба меѓу претседателите Заев и Ахмети за конечен коалициски договор.

„За време на викендот и денес продолжија интензивните работни средби меѓу претставниците на СДСМ и Коалицијата “Можеме” и ДУИ со цел креирање коалициски договор за идна стабилна Влада на Република Северна Македонија. Тимовите на СДСМ и ДУИ интензивно работеа на создавање брз и темелен коалициски договор уште во првите денови од уставно определениот рок од 20 дена после добивањето на мандатот. Во разговорите кои се водат на ниво на генерални секретари постигнат е сериозен напредок по однос на речиси сите прашања кои водат до договор за Влада.
Со оглед на итноста и потребата од брзо ставање во целосна функција на клучните институции во државата заради справувањето со здравствените и економските предизвици поврзани со Ковид-19, во текот на утрешниот ден ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателите Зоран Заев и Али Ахмети на која се очекува конечен договор за нова, стабилна, посветена Влада со мандат од четири години“ велат од СДСМ.

Share via
Copy link