fbpx

Заев од Струмица: Мицкоски сака да се врати во минатото, да продолжи каде што застана Груевски, но тоа граѓаните нема да го дозволат

 Заев од Струмица: Мицкоски сака да се врати во минатото, да продолжи каде што застана Груевски, но тоа граѓаните нема да го дозволат

„И сега слушаме, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се расфрлуваат со некои петоцифрени бројки за некакви проекти, што ги ветуваат во некаква нова иднина, но стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно, не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина, порача Претседателот на СДСМ Зоран Заев на Караванот „Најдоброто за мојата општина“, од Струмица.

Тој истакна дека Мицкоски сака да си се вратат во минатото, тоа е за него новата иднина за која што само ВМРО-ДПМНЕ сонува.
„Зборува за поништувања на договорите со Грција и со Бугарија. Пак ќе ја испокараат државата со сите соседи. Ќе продолжат да го делат народот со режимски тактики, таму каде што застана Груевски и да го подриваат соживотот, за јавноста да се занимава со страв за својата безбедност, а тие да продолжат да крадат“, истакна Заев.

„Ако ни зборува за таква нова иднина, во којашто следува Најлошото, а не Најдоброто – ред е и на овие избори, по 7-ми пат да му речеме: Мицкоски Не благодарам!“, нагласи Заев, додавајќи дека земјата и граѓаните ја осигураа својата иднина со одговорни кадри кои вложуваат во сегашноста и во перспективите.

„Враќање во режимското минато што само за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ обезбедува нова иднина, на ниту еден граѓанин во државата не му е од полза, ниту пак на Република Северна Македонија, Северна Македонија напредува, чекориме Напред. И тоа е единствената опција за иднината – Напред, бидејќи Најдоброто е можно единствено Напред“, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев од Струмица.

Share via
Copy link