Полициски билтен: Семејно насилство во Струмица, пожар во Гевгелија и сообраќајна несреќа
Загина млад градежен работник во Гевгелија

СВР Струмица соопшти дека денеска во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека при извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, кумановско, паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија.
Фото: архива