Атанасов поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Брера
Захов останува во Шкендија до 2023 година
Костадин Захов останува во Шкендија до 2023 година, откако денеска потпиша нов договор со екипата од Тетово .
Захов е еден од најдобрите голмани во македонската Прва лига и Шкендија направи одличен потег со потпишувањето на нов договор.
„Среќен сум што ќе останам во клубот каде што ги поминав најдобрите денови и остварив големи успеси. Шкендија ми даде многу и се надевам дека на овој начин успеав до некаде да и возвратам“, кажа Захов за официјалната страна на клубот.
Во редовите на Шкендија Захов дојде во 2016 година и од тогаш одигра 176 натпревари.