fbpx

Запален автомобил го прекина еден час сообраќајот на патот Струмица-Ново Село

Вечерва од 19:30 часот на магистралниот пат А-4, Струмица-ГП Ново Село, заради опожарено патничко моторно возило на патот, сообраќајот е во целосен прекин, информираа од АМСМ.

Според информации од СВР Струмица автомобилот се запалил во движење во 19:16 часот, а по гаснењето од страна на струмичките пожарникари сообраќајот повторно е нормализиран во 20:10 часот.

Во инцидентот нема жртви, а полицијата го обезбедувала местото на несреќата.

Share via
Copy link