Заради дефект на главната цевка без вода жителите на Босилово, Радово, Еднокуќево и Робово

 Заради дефект на главната цевка  без вода жителите на Босилово, Радово, Еднокуќево и Робово

-Денес цел ден се работеше за да се санира дефектот на главната цевка. После неколку часа од санирањето на дефектот истиот повторно се појави. Утре рано наутро ќе се работи на исто место и ќе се утврдат причините и одговорноста зошто се случи повторно дефект на истото место, објави градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

Со жалење ги известуваме граѓаните на Босилово, Радово, Еднокуќево и Робово дека оваа вечер ќе нема вода поради дефект на главниот водовод.Утре рано наутро ќе се работи на санација на дефектот, напиша градоначалникот на Босилово.

Share via
Copy link