fbpx

Заврши Струмица Опен Фестивал 2020

 Заврши Струмица Опен Фестивал 2020

Синоќа заврши деветтото издание на Струмица ОПЕН фестивал кое понуди 20 настани во 20 фестивалски денови. На последниот фестивалски ден публиката уживаше во завршниот концерт на Дани Димитровска и нејзините гости Александра Јанева и Васил Гарванлиев. На изненадување на посетителите, тројцата музичари заеднички го изведоа безвременскиот хит Imagine. 

Мотото на овогодинешното издание беше „поинаква приказна“ во знак на глобалниот предизвик со кој се соочува евент индустријата во светот. 

Манифестацијата траеше четири недели со адаптирано издание и под посебни здравствени протоколи. Настаните од областа на културата, спортот и уметноста беа поддржани од Општина Струмица, Министерство за култура, Sunday, Пивара Скопје и Делегацијата на Европската Унија. 

Share via
Copy link