„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Завршува изградбата на булеварот „Братство Единство“
По изградбата на првиот булеварски мост „Обединување“, во Струмица завршува и изградбата на новиот булевар „Братство Единство“.
Градоначалникот Костадин Костадинов со неговите соработници и членови на Советот извршија увид во финалните работи, односно асфалтирањето на коловозните ленти.
-Станува збор за едно големо предизборно ветување пред граѓаните, секако со силни заложби, обврската на општина Струмица беше да се изгради мостот, што всушност претставува и првиот булеварски мост изграден во Струмица. Мостот „Обединување“ е завршен, веќе се асфалтираат коловозните ленти на новиот булевар и очекуваме во најскоро можно време според планираната динамика, изведувачот да ги финишира работите. Овде би сакал да го афирмирам Секторот за локален економски развој и Софче Иванова за целата соработка, за целиот ангажман во соработката со Светска банка како кофинансиер во целиот овој проект. На половина од мандатот, речиси 70 проценти од предизборната програма ја реализираме, остануваат уште неколку реконструкции, уште неколку булевари, Струмица – Дабиле е во полн ек, со сите предизвици со коишто се соочуваме таму. Се реализира и Социјалната населба, благодарение на нашата пратеничка во парламентот која што поднесе амандман, Љубица Спасова, и секако благодарение на Владата, со пренамена, одобрени се 65 милиони денари за реализација на втората фаза на Социјалната населба, а со крајна цел дислокација на дивите градби од улицата „Климент Охридски“, односно на влезот во Струмица од кај Валандово. Тоа се огромни, капитални проекти коишто претставуваат своевидна трансформација на градот Струмица, поврзување на населените места, конкретно за булеварот „Братство Единство“, развој на економијата, како што може да видите, тука речиси и да нема парцела, очекувам и тие малку што ги има да се доизградат, локалната економија да заживее уште повеќе во овој дел од градот, во оваа индустриска зона и нормално во 2024 година очекувам зелено светло од советниците за отпочнување со реализација на новиот градски пазар, за што и примарно беше направен целиот овој булевар. Нека ни е со среќа нов булевар во Струмица, рече градоначалникот Костадинов.