fbpx

Здружението „Медија Флеш“ одржа работилница за медиумска писменост во Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица

 Здружението „Медија Флеш“ одржа работилница за медиумска писменост во Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица

Во рамките на реализирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и  биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, којшто го реализира Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, вчера во Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица се одржа работилница со ученици и професори од ова средно училиште.

Пред учениците најпрвин беше презентиран проектот од страна на координаторот на проектот, Ристо Тасев и проектниот асистент, Веле Појразовски и притоа беше истакнато дека основна цел е да се унапреди медиумската писменост и да се создадат вештини за критичко размислување и анализирање кај младите во Општина Струмица за да се справат со дезинформациите и лажните вести.

Работилницата ја водеше новинарот и генерален директор на Медиумската информативн агенција (МИА), Драган Антоновски, чие излагање беше проследено со голем интерес од присутните, а учениците поставија многу рашања и разменија мислење за многу прашања и теми.

Антоновски говореше општо за медиумската писменост, за МИА и медиумската писменост, МИА како промотор на проверени и точни вести и изнесе повеќе примери за лажни вести и како младите да ги препознаваат.

На работилницата пред учениците беше презентиран прашалникот за нивните познавања на медиумската писменост, а основно барање медиумска писменост во средното образование да биде што повеќе присутна или да биде составен дел на некој од веќе посточеките предмети.

На работилницата присутвуваа и членови на Новинарскиот клуб при ЦИА „НОВУС“, како и претставник-волонтер на Американскиот мировен корпус кој подолго време во ќе престојува во Струмица и работи како волонтер во „НОВУС“.

Здружението „Медија Флеш“ се заблагодарува на директорката и професорите од „Јане Сандански“ за одличниот прием и организацијата, а согласно претходно потпишаниот Меморандум за соработка соработката ќе продолжи и понатаму.

Оваа активност е поддржана од проектот „Млади агенти на промената“ имплементиран од „Центар за интеркултурен дијалог“ (ЦИД), „Сојуз на извидници на Македонија“ и Центар за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица со финансиска поддршка од ЕУ.

За повеќе информации следете ја фејсбук страницата на Здружението: https://www.facebook.com/mediaflashsr.

Share via
Copy link