В понеделник ќе се прска против комарци во 8 општини од Југоистокот
Се известуваат граѓаните од општините во Југоисточниот регион, дека на 29 април 2024 година, во раните утрински часови и во текот на пладневните часови ќе се врши ларвицидна дезинсекција во период од 09.00 до 16.00 часот со следниот распоред:
На 29.04.2024 (понеделник), во општините Валандово, Дојран, Радовиш, Конче, Ново Село, Босилово, Василево и Струмица.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.