fbpx

Жена од Габрово потешко повредена во сообраќајка

Вчера во 20:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, С.Ц.(21) од село Габрово, управувајки патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото удрила во банкина, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Share via
Copy link