Полициски билтен: пронајдена марихуана и физички пресметки
На 27.12.2022 во 21.45 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода И.К.(27) од село Подареш, радовишко. При преглед на патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.12.2022 во 01.30 часот во Полициската станица Радовиш биле приведени Н.П.(40) и Г.П.(45), двајцата од село Подареш, радовишко, затоа што на 27.12.2022 околу 23.35 часот во село Подареш го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.12.2022 во 10.45 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Н.(60) од село Тимјаник, неготинско, пријавил дека околу 09.30 часот на улица „Кожув“ во Гевгелија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.