fbpx

Жените предизвикуваат многу помалку сообраќајни несреќи од мажите

 Жените предизвикуваат многу помалку сообраќајни несреќи од мажите

-Жените помалку возат без возачка дозвола, помалку возат под дејство на алкохол, односно тие повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Ако дефанзивното возење се карактеризира како „женско возење“, ако почитувањето на правилата на ограничување на брзината се карактеризира како такво возење, ако почитувањето на пешаците и велосипедистите во сообраќајот е исто така „женско возење“, тогаш ајде сите да возиме така, бидејќи е побезбедно и посигурно, рече денеска Ристо Манчев од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Додаде дека истражувањата покажуваат дека жените возат побезбедно од мажите, односно според податоците на Светската здравствена организација 77 отсто од сообраќајните несреќи со фатални последици се предизвикани од возачи мажи, а само 23 отсто од возачи жени.

Инаку, по повод утрешниот празник, Осми март, РСБСП, заедно со Отсекот за превенција при СВР Струмица и Црвен крст Струмица, денеска организираше акција под мотото „Жените возат одговорно, биди горда што си жена и што си безбеден возач“, а на жените возачи им беа делени флаери и каранфали со совети за безбедно возење.

Share via
Copy link