Струмичанец приведен во Штип- управувал возило со 2,19 промили алкохол
Жител на Казандол потешко повреден откако со „југо“ излетал од земјан пат
МВР соопшти дека вчера во 09:00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на земјан пат во атар на село Казандол, валандовско, патничко возило „југо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.К.(57) од село Казандол, излетало надвор од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Валандово.