fbpx

Жител на радовишко Дедино потешко повреден откако излетал со автомобилот

Вчера во 20:00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат од село Ињево кон село Дедино, радовишко, В.К.(75) од Радовиш управувајќи патничко возило „хјундаи“ со радовишки регистерски ознаки излетал надвор од патот, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.К., констатирани во Медицински центар Штип, а увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

Share via
Copy link