Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Младите фудбалери на „Брера Струмица“ го освоија турнирот „Фер плеј“ во Охрид
Младите фудбалери од генерацијата 2013 го освоија турнирот „Фер плеј“ во Охрид кој се одржа изминатиот викенд.
-На турнирот учествуваа детски екипи од седум држави од Европа, а нашите дечиња предводени од тренерите Љупче Пенев и Кире Ангеловски се искачија на врвот во конкуренцијата за фудбалери 2013-та. Надежите на „АП Брера Струмица“ во сите мечеви доминираа а во финалето славеа против струшкиот Јанг Тим. Освен првото место, во ова генерација, нашите деца ги понесоа и наградите за најдобар голман и играч на турнирот „Фер плеј“. Филип Петров беше избран за најдобар голман, додека Богдан Трајков за најдобар играч. Паралелно висок успех постигнаа и фудбалерчињата од генерацијата 2014 кои стасаа до четвртфиналето, сопоштија денеска од „АП Брера Струмица“.