Жител на Василево прободен со остар предмет во Струмица
МВР соопшти дека вчера во 19:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.Г.(62) од Струмица. Тој се сомничи дека околу 17.20 часот на бул.„Ленинова“ во Струмица, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодна рана на М.М.(40) од село Василево, струмичко.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.