Костадинов:Мирот и безбедноста на граѓаните за нас се секогаш на прво место
Жител на Василево се сомничи за кражба на бакарни цевки за гас и ладење
На 30.03.2022 во 11:30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.Г.(37) од село Василево, струмичко, соопштија денеска од МВР.
Тој се сомничи дека во периодот од 17.03.2022 до 30.03.2022 извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „предизвикување општа опасност“, односно одзел бакарни цевки од системите за гас и ладење во неколку правни субјекти на подрачје на Струмица. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.
Д.Г. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на делата против него ќе биде поднесена соодветна пријава.