fbpx

„Златна потковица“ на Астерфест за данскиот филм „Ивалу“

 „Златна потковица“ на Астерфест за данскиот филм „Ивалу“

Жирито во состав: Гоце Ристовски (писател и универзитетски професор), д-р Дрита М. Фазлија (филмски продуцент и универзитетски професор) и Мили Чумиќ (филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија), по опстојна расправа за сите 23 филмови во официјалната конкуренција прикажани на 18-тиот Интернационален филмски фестивал „Астерфест“, донесе едногласна

О Д Л У К А

Наградата „Златна потковица“ се доделува на филмот ИВАЛУ (IVALU) на авторите Андерс Валтер и Пипалук К. Јоргенсен од Данска.

Наградата „Сребрена потковица“ се доделува на филмот ЕЖ (Hedgehog) на авторот Д. Митри од САД.

Наградата „Бронзена потковица“ се доделува на филмот ШТИПЕЊЕ (PINCH) на авторките Еми Патмор и Ана Дворжак од Австралија.

Наградата „Ѓорѓи Абаџиев“ за сценарио се доделува на авторката Александра Кардалевска за македонскиот филм СЦЕНАРИОТО (THE SCRIPT).

Наградата „Ацо Алексов “ за режија се доделува на авторот Дејан Ангелов за филмот ЗАДАЧА (TASK) од Бугарија.

Награда за филм од македонска продукција се доделува на македонскиот филм ЗВУКОТ НА ТИШИНАТА (THE SОUND OF SILENCE) на авторката Анастасија Лазарова Пилинг.

Награда за студентски филм се доделува на НОВИОТ ПОЧЕТОК (THE NEW BEGINNING) на авторката Тања Симоновска.

Специјална награда за современ третман на традиционалните семејни вредности се доделува на филмот „Ирско збогување“ (AN IRISH GOODBYE)  на авторите Том Беркли и Рос Вајт од Велика Британија.

Специјална награда за инвентивен ведар пристап  на теми што говорат за глобалната состојба на психоза во современиот свет се доделува на македонскиот филм „Тале и Корона“ (TALE AND CORONA) на авторoт Томислав Алексов.

Специјална награда за придонес во разоткривањето на ефектите од алтернативниот уметнички креативен пристап наспрема конвенционалниот живот се доделува на македонскиот филм „ЛУКА“ (LUKA)  на авторот Ице Виранов.

Share via
Copy link