Шеесетина ученици од Струмица и Радовиш со засадување на дрвца, квизови и игри поврзани со вода ја искажаа својата посветеност на зачувањето на животната средина и намалување на последиците од климатските промени, во рамки на завршувањето на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“ финансиран од Европската Унија […]
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска ја посети општина Радовиш каде оствари работна средба со градоначалникот на општината Герасим Конзулов. Во рамките на посетата министерот Бочварски, градоначалникот Конзулов и директорот на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионални патишта Беким Мемеди, извршија увид во реконструираниот регионален пат од Радовиш до Плачковица. […]
Општина Радовиш обезбеди 150 брзи ковид тестови за потребите на ЈЗУ Здравствен дом Радовиш на барање на директорката д-р Лимонка Илиевска. Тестовите ги предаде градоначалникот Герасим Конзулов и воедно оствари средба со раководството на Здравствениот дом на која се разговараше за процесот на имунизација на населението. Градоначалникот Конзулов ја потенцираше општинската поддршка за Здравствениот дом […]
Територијата на нашата држава во текот на летниот период се соочува со зачестени полски и шумски пожари кои се помогнати од покачувањето на темпратурите и сушниот период, а човечкиот фактор е посочен како причинител на истите, кои освен што ја загрозуваат животната средина, се закануваат и по животот на граѓаните. Од тие причини Општина Радовиш […]
Градоначалникот Герасим Конзулов денес оствари средба со со Халим Омер Согут – програмски координатор на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, соопштија од Општината. -На средбата се разговараше за интензивирање на соработката помеѓу Општина Радовиш и ТИКА. Во таа насока беше изразена подготвеност до крајот на месец јули да се изгради нов парк во […]
Див приклучок на струја на разводната табла на градското јавното осветлување предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија на следните улици: Шаин Маале, Калузлиска, Плачковица (дел), Стојмен Трајков, Мирче Ацев, Готен, Стив Наумов (дел), Серта и дел од улица Мито Хаџивасилев, информираа од Општина Радовиш. -Тековно се врши увид во состојбата и се проценува материјалната […]
Со посети, евидентирање и анкетирање на семејства со деца кои што имаат попречености, денеска во радовишко, Општинската организација на Црвен крст Струмица, ја продолжи акцијата за финансиска поддршка на ранливо население. Волонтерот Танкица Стојанова заедно со волонтерот од Општинската организација на Црвен крст Радовиш, Диме Коцев, посетија 13 семејства во Радовиш, и селата Конче, Али […]
Вчера во 21:40 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека Н.Н. (59) од Радовиш скршил апарат за игри на среќа во казино во Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 20:55 часот во Полициска станица Радовиш, С.С. (40) од село Бучим, радовишко, пријавил дека околу 20:00 часот, во продавница во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ф.О. и Б.О., и двајцата од село Бучим. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 23 декември во времето од 08:00 до […]
На 22 овој месец во времето од 08:00 до 16:00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на прекршок неправилно престигнување и обиколување. Во акциската контрола биле констатирани 133 прекршока, од кои 22 по акциската контрола и 133 останати прекршоци, кои се соодветно санкционирани. Завчера во 17:30 […]