Денеска Центарот за југоисточен плански регион во рамките на проектот ,,Прекугранична соработка во справување со шумски пожари” финансиран од Европската Унија преку Интеррег –ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Македонија по повод претстојниот Ден на пожарникарството-20 мај, додели комплет одела за лична заштита при справување со шумски пожари на пожарникарите од ТППЕ Радовиш. […]
Министерот Благој Бочварски, пратеникот Коле Чаракчиев и директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта Костадин Ацевски, денеска извршија увид во рехабилитација на регионалниот пат од Радовиш до Воиславци. “ Градежната механизација е насекаде низ државата. И покрај надворешната криза која влијае и кај нас врз градежништвото, со сите сили се обидуваме да […]
-Денес во употреба пуштивме неколку приоритети кои беа на барање на граѓаните на општина Радовиш. Во присуство на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, Пратеникот Здравко Трајанов и Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, во употреба беше пуштена новата сала за венчавање која всушност е мултифункционален објект кој ќе се користи за повеќе намени, вклучувајќи го […]
Денеска, (27.04.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше во работна посета и увид на 73. реконструиран објект на Одделението за внатрешни работи Радовиш, односно беше пуштен во употреба четвртиот реновиран објект на МВР во рамки на првите 100 дена од работењето на оваа Влада, а воедно беа започнати свечените активности по повод чествувањето на […]
-Започнавме со обележување на хоризонталната сигнализација, односно обележување на сите утврдени паркинг места и пешачки премини, согласно сообраќајниот проект. Исто така ќе бидат поставени и сообраќајни знаци согласно проектот и новиот режим на сообраќај во нашата општина, објави градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов. Додава дека целта е решавање на еден од најголемите проблеми со кои […]
Денеска полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.Ц (37) од Радовиш и А.Ѓ. (22) од село Ораовица, радовишко, поради соомнение дека околу 05:00 часот на раскрсница од улиците „22-ри Октомври“ и „Коста Сусинов“ во Радовиш од В.Ѓ. (69) присилно одзеле пари. По извршен преглед, кај А.Ѓ. била пронајдена бела прашкаста материја, […]
Радовиш денеска беше претворен во карневал на детската фантазија.Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ личеше на пролетен мозаик и кошница исполнета со разнобојни цветови, бубамари, пчелички, кловнови, волшебници, дизниеви јунаци и многу други маски, коишто денес беа дел од традиционалната „Априлијада“. Почнувајки со дефиле од бул.Александар Македонски и движејки се кон плоштадот, каде маските имаа свое претставување, и […]
Во присуство на голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“. Претходно комисијата за образование, спорт и култура и Советот на општина Радовиш врз основа на објавениот Оглас за пријавување на спортисти, спортски работници и спортски […]
Општина Радовиш денеска објави дека започнува со реализација на кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“, чија главна цел е – во најблиска иднина воведување на зонско паркирање за граѓаните на општина Радовиш. -Свесни сме за секојдневните проблеми со кои се соочувате во делот на паркирањето на вашите возила и затоа ја очекуваме Вашата поддршка на овој […]
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Општина Радовиш го посети згрижувачкото, еднородителско семејство на Наталија Гура. Наталија згрижува две малолетни дечиња, братче и сестричка, кои се на пет и шест годишна возраст. За тоа колку е успашна приказната за згрижување на деца без родители или без родителска грижа, министерката Шахпаска рече […]