fbpx

Општина Радовиш почна кампања за воведување зонско паркирање

 Општина Радовиш почна кампања за воведување зонско паркирање

Општина Радовиш денеска објави дека започнува со реализација на кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“, чија главна цел е – во најблиска иднина воведување на зонско паркирање за граѓаните на општина Радовиш.

-Свесни сме за секојдневните проблеми со кои се соочувате во делот на паркирањето на вашите возила и затоа ја очекуваме Вашата поддршка на овој проект за еднаш и засекогаш да ги надминеме овие проблеми.Во тек е изработка на нова физибилити студија во која ќе бидат опфатени изградба на нови и регулирање на постоечките паркинг места како и целосно ставање под контрола на паркирањето во нашата општина, стои во објавата на Општина Радовиш.

Share via
Copy link