fbpx

Приведени двајца разбојници во Радовиш, пронајдена дрога

 Приведени двајца разбојници во Радовиш, пронајдена дрога

Денеска полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги лишиле од слобода Д.Ц (37) од Радовиш и А.Ѓ. (22) од село Ораовица, радовишко, поради соомнение дека околу 05:00 часот на раскрсница од улиците „22-ри Октомври“ и „Коста Сусинов“ во Радовиш од В.Ѓ. (69) присилно одзеле пари. 

По извршен преглед, кај А.Ѓ. била пронајдена бела прашкаста материја, а при претрес во дом и други простории кои ги користи А.Ѓ., извршени по Наредба на Основен суд Радовиш, било пронајдено уште едно пакување со бела прашкаста материја и ќесе со марихуана. 

Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

Share via
Copy link