fbpx

Полициски билтен:санкции за брзо возење, физички напад во Струмица

 Полициски билтен:санкции за брзо возење, физички напад во Струмица

На 03.04.2022 во периодот од 09:00 до 15:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 83 прекршоци, од кои 27 на подрачје на Струмица, 25 на подрачје на Радовиш, 17 во Валандово и 14 во Гевгелија. 54 прекршоци биле констатирани надвор од населено место, а 29 во населено место и сите биле соодветно санкционирани.

На 03.04.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Струмица, Н.П.(35) од Струмица пријавил дека околу 01.15 часот во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Струмица бил физички нападнат од И.И..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link