ЗЛР „Рибар Струмица“ на 27 октомври организира акција за чистење отпад на брана „Водоча“
Во Радовиш се обележуваат местата за зонско паркирање
-Започнавме со обележување на хоризонталната сигнализација, односно обележување на сите утврдени паркинг места и пешачки премини, согласно сообраќајниот проект. Исто така ќе бидат поставени и сообраќајни знаци согласно проектот и новиот режим на сообраќај во нашата општина, објави градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов.
Додава дека целта е решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува општината.
-Преку проектот „Зонско паркирање„ очекуваме да се реши преголемата оптовареност на сообраќајот во нашата општина, а со тоа и регулирање на постоечките паркинг места и целосно ставање под контрола на паркирањето во нашата општина. Со цел обележувањето да се одвива непречено и ефективно, најважно за сите нас во овој момент е да не паркираме каде што е планирано да се врши обележувањето, напиша Ристов.