„Добар ден и од мене почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, колеги, за мене претставува особена чест и задоволство кога ќе можеме да присуствувам на ваков настан, бидејќи почнуваме нешто ново нешто убаво. Кажа и директорот, 40тина години се чекаше да случи ова што денеска се случува, нормално сега треба последната рака на средување да се случи што е мало доопремување коешто очекуваме да заврши до крајот на август и конечно веќе да речеме [&
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, По повод одбележувањето на 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и 133 години од историското ВМРО, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица има чест и задоволство да Ве покани да присуствувате на свечената церемонија под мотото: „МАКЕДОНИЈА ЗАБРЗУВА“ Настанот ќе се одржи утре, 17 јуни, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, со […]
Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Методија Пасков е избран за Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, соопштија денеска од струмичкото ВМРО ДПМНЕ. -Одлуката донесена по предлог на Претседателот Христијан Мицкоски е доверба која се базира на долгогодишната активност, посветеност и ангажман на Методија Пасков во партиските структури, како и доверба во неговите професионални и организациски капацитети, стои во соопштението. […]
Со цел унапредување на едукацијата и градење на капацитетите на младите, НОВУС (преку Секторот за развој на заедницата) изработи нов сет на експертски документи и едукативни материјали кои ќе се користат во претстојните обуки и едукативни програми. Овие ресурси се темелно развиени за да им овозможат на младите лица суштинско разбирање на финансиите, со посебен […]
За претседател на општинската организација во Струмица е назначен д-р Лазо Манев, специјалист по радиологија, докажан во својата работа и современите дијагностички пристапи за рана детекција на различни заболувања, но и во своите менаџерски способности, соопштија денеска од СДСМ. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја донел одлуката д-р Манев да биде на чело на струмичките […]
Во насока на континуирана едукација и унапредување на вештините на младите, Центарот за истражување и анализи НОВУС објави нова едукативна видео серија насловена „Финансиска писменост: Патот до финансиска независност“. Видеата се креирани во рамките на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“. Едукативната плејлиста се состои од четири епизоди кои се веќе јавно достапни […]
ЈЗУ Општа болница Струмица отвори нов Кабинет за менаџирање на дебелина, кој е опремен со современ апарат за проценка и следење на телесниот состав, информираат од јавната здравствена установа. Новата здравствена услуга има за цел да обезбеди навремена превенција и ефикасен третман на дебелината, нудејќи му на секој пациент стручен и индивидуализиран пристап за подобрување […]
Општина Струмица продолжува со теренските активности за уредување на руралната патна инфраструктура. Денеска, градежна механизација беше ангажирана на тампонирање и одржување на полските патишта во населеното место Куклиш, со што директно се олеснува пристапот до земјоделските површини за локалните земјоделци, информираа од Општината. Во рамките на овие активности, екипите на терен извршија порамнување и тампонирање […]
Струмица следната сезона останува без претставник во фудбалската елита, откако екипата на АП Брера го загуби прволигашкиот статус. Во решавачкиот бараж натпревар одигран во Битола, струмичани претрпеа минимален пораз од 1-0 од досегашниот второлигаш Скопје. Со овој епилог, двете екипи си ги заменуваат улогите – Брера од есен ќе се натпреварува во вториот ранг на […]
раѓаните од струмичкиот регион од следната недела ќе добијат значително подобрен пристап до дијагностички здравствени услуги. Во струмичката болница ќе биде инсталиран нов компјутерски томограф кој ќе функционира согласно сите пропишани медицински стандарди. Информацијата ја потврди министерот за здравство Азир Алиу, кој одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, се осврна на актуелната состојба и процесот […]