Денес во 09:51 часот во село Банско, Територијалната против пожарна единица на Струмица со едно возило и четири пожарникари интервенираше на гаснење на запален автомобил марка „опел“. Заради големата оддалеченост и лесно запаливите материјали пожарот бил во поодмината фаза и е ликвидиран за 5 минути по пристигнувањето на пожарникарите.
Водата за пиење претставува скапоцен ресурс и треба рационално и одговорно да се троши, затоа апелираме до граѓаните да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури, тревници и дворни места, особено во летните периоди бидејки капацитетот на резервоарите за вода не е предвиден за наводнување на земјоделски култури […]
Откако ги обезбеди услугите на Владо Милев, Џио Струмица потпиша договор со уште еден македонски репрезентативец – Васе Михаилов. Искусниот, 34 годишен одбојкар, којшто игра на позицијата примач, цела кариера од натпреварувачката 2005-та/2006-та до лани ја мина во својот матичен клуб, а минатата сезона настапуваше за Вардар. Само по една година во главниот град, Михаилов […]
Пред спомен обележјето што општина Струмица го подигна во чест на четворицата храбри граѓани кои животите ги загубија во борбата со огнената стихија, денес беше одбележана осумгодишнината од големиот пожар во близина на месноста „Двата пата“, кој избувна на 23 јули 2012 година. На одбележувањето, покрај семејствата на загинатите присуствуваа и цвеќе положија делегација на […]
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев потпиша договор со матичниот клуб Џио Струмица и по тринаесетгодишна интернационална кариера повторно ќе игра во нашиот домашен шампионат, објави Одбојкарската федерација на Македонија на својата официјална страница. Покрај тоа што ќе биде големо играчко засилување за најуспешниот тим во последната деценија кај нас, Милев ќе ја извршува и функцијата […]
Вчера во Полициска станица Валандово, вработен во Територијалната противпожарна единица Валандово, пријавил дека на место викано „Дата јавори“, атар на Валандово, избувнал пожар во кој биле опожарени околу 2 хектари лозов насад , смокви , калинки и ниска тревната површина . Околу 11:00 часот пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната единица Валандово, а увид […]
Маж на 67 годишна возраст од Струмичко синоќа починал на Инфективното одделение при струмичката болница. Причина за смртта е нагло губење на кислород во белите дробови предизвикано од коронавирусот, инфомираше директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов. Инаку, денес на пунктот за тестирање на Центарот за јавно здравје се извршени 12 тестирање, […]
Здружението „Транзен“ од Струмица вечер со почеток во 19:00 часот во клубот „Нагоре“ ја отвора првата изложба оваа сезона. Шеснаесет автори, сликари, ќе се претстават со своите автопортрети, сликарски искуства од изолацијата. -Ги пробиваме алтернативните простори за галериско дејствување. Сакаме да ја доближиме уметноста до младата популација. Овој пат во клубот ,,Нагоре” Струмица. Задолжително е […]
Вчера 11:00 часот на локалниот пат од село Добрејци кон село Пиперево, Струмичко, поточно на мост на река Струмица, патничко возило „лада“, без регистарски ознаки, управувано од 17–годишна малолетничка, изгубило контрола и излетало од коловозот во реката. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Струмица, каде што била пренесена […]
Екипа од Одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“- Струмица по втор пат годинава почна со прскање против коров и треви на каналот долж улицата „Крушевска Република“ . Со ова акција по хемиски пат се уништуваат коровот и сите други растенија кои започнаа да растат во текот на летниот период. По неколку дена се продолжува со […]