fbpx

Едно лице почина од ковид-19 во струмичката болница

Маж на 67 годишна возраст од Струмичко синоќа починал на Инфективното одделение при струмичката болница. Причина за смртта е нагло губење на кислород во белите дробови предизвикано од коронавирусот, инфомираше директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

Инаку, денес на пунктот за тестирање на Центарот за јавно здравје се извршени 12 тестирање, а сите термини за тестирање до сабота се пополнети.

Од почетокот на пандемијата во Струмица се евидентирани 34 случаи позитивни на ковид-19. Од нив три лица починаа, 15 се оздравени, а 16 се активни.

Share via
Copy link