Костадинов: Жените се срцето на нашата заедница – основата на нашите семејства
Хелсиншки лани регистрирал 159 дела од омраза
-Минатата година регистриравме 159 дела од омраза, а зголемениот број инциденти извршени по основ на етничка припадност достигнува 86% од случаите. Скоро сите инциденти се случиле помеѓу припадници на македонската и на албанската етничка заедница, а најзагрижувачки е фактот дека огромното мнозинство жртви и сторители повторно се малолетници, стои во информацијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Секој ваков извештај одново го вклучува алармот дека состојбата е повеќе од загрижувачка, особено кај помладите генерации. Но не може ни да очекуваме промена кон подобро без суштински интервенции во образовниот систем, но и во јавниот дискурс во целина. Нормализацијата на поларизирачки и насилнички изјави на личности од јавниот живот, очекувано води до атмосфера на продлабочени конфликти, во која злосторствата од омраза стануваат секојдневие.
Правилното и навремено препознавање и регистрирање на делата од омраза од страна на органите на прогонот сè уште е на незадоволително ниво. Оттаму, неопходно е посериозно третирање на делата од омраза и соодветно санкционирање на говорот на омраза, бидејќи искуството покажува дека токму тој најчесто продуцира насилство.