fbpx

Одбележана осумгодишнината од големиот пожар над Струмица

 Одбележана осумгодишнината од големиот пожар над Струмица

Пред спомен обележјето што општина Струмица го подигна во чест на четворицата храбри граѓани кои животите ги загубија во борбата со огнената стихија, денес беше одбележана осумгодишнината од големиот пожар во близина на месноста „Двата пата“, кој избувна на 23 јули 2012 година.

На одбележувањето, покрај семејствата на загинатите присуствуваа и цвеќе положија делегација на Советот на општина Струмица, претставници на политички партии и членови на семејствата на загинатите во пожарот.

Во обид да се справат со големите огнени јазици, повеќе наши сограѓани се здобија со тешки повреди, а четворица од нив трагично ги загубија своите животи-браќата Перо Стојанов и и Блажо Стојков од селото Рич, Војо Гркљанов од село Вељуса и Мите Ѓеоргиев од Струмица.

Share via
Copy link