fbpx

Малолетничка излетала со „лада“ во реката Струмица

 Малолетничка излетала со „лада“ во реката Струмица

Вчера 11:00 часот на локалниот пат од село Добрејци кон село Пиперево, Струмичко, поточно на мост на река Струмица, патничко возило „лада“, без регистарски ознаки, управувано од 17–годишна малолетничка, изгубило контрола и излетало од коловозот во реката.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Медицински центар Струмица, каде што била пренесена за укажување лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Струмица.

Извор:МВР-билтен

Share via
Copy link