fbpx

Пандев: Десет гола во Серија А и опстанок на Џенова би било идеално сценарио

Победата во директниот дуел против Лече, на Џенова на Горан Пандев му овозможи да зависи сама од себе во последните четири кола на Серикја А. Македонскиот репрезентативец игра во голема форма ина прагот е да го израмни или подобри својот рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона во Серија А. 

„Ништо не е готово, има уште многу за играње и не смееме да се опуштиме. Ако постигнам десет гола во сезоната и Џенова се спаси од испаѓање, тоа би било идеална комбинација, по која би бил пресреќен“, рече Пандев.

Вечерва, струмичанецот ќе биде дел од градското дерби против Сампдорија, која исто така теоретски не го обезбедила опстанокот, но се наоѓа во далеку подобра ситуација од Џенова.

„Победив во градските дерби средби во Рим и во Милано, ми недостига само победа во дербито на Џенова. Тоа би бил голем триумф за нас и за нашите верни навивачи“, заврши Горан Пандев.

До овој момент Пандев постигна девет гола во Серија А и сите од игра, бидејќи не е прв избор за шутирање на пенали. Некои од головите на Пандев донесоа значајни бодови за опстанокот на Џенова. 

Share via
Copy link